Издаден налог за апсење на познат фудбалер

Од:

Поранешниот фудбалер Даниел Стариџ (34) не се појавил на суд во Лос Анџелес, откако избегнал да му плати пари на човекот кој го пронашол неговото украдено куче. Според англиските медиуми, по поранешната ѕвезда на Ливерпул и Челзи е распишана потерница. Во јули 2019 година, откако беше провален неговиот стан, Стариџ понуди награда за враќањето на кучето Лусио, но се чини дека тој никогаш не го одржа зборот.

Американскиот рапер Фостер Вашингтон тврди дека го нашол кучето и му го вратил на сопственикот, но фудбалерот не ја дал ветената награда. Бидејќи не ги добил парите, раперот решил да го тужи поранешниот напаѓач и преку суд да го добие тоа што му следува. Во декември 2021 година, судот во Лос Анџелес му нареди на Стариџ да му плати на раперот 30.000 долари, но фудбалерот не одговори на оваа тужба, пишува англиски „Дејли мејл“.

И по оваа одлука Даниел не решил да попушти, па повторно бил повикан на суд каде не се појавил, по што била распишана потерница. Поентата на спорот е што Стариџ тврди дека момче го нашло кучето, но Вашингтон не се согласува. Стариџ се огласи на својот Твитер профил по пресудата во декември и напиша:

„Го запознав младиот човек кој го најде моето куче и му ја платив наградата. Тој беше воодушевен, како и јас, бидејќи ми го вратија моето украдено куче. Другите луѓе се обидуваат да заработат профит од ова. Ти благодарам повторно момче, благодарен сум што Луси се врати во своето семејство“, напиша поранешниот фудбалер.

Од друга страна, Вашингтон за медиумите изјави дека потрошил 10.000 долари за судски трошоци, но дека не се работи за пари. “Тоа е прашање на принцип. Ми вети пари. Тоа е голема сума што може да го промени животот на моето семејство. Мисли дека е над законот. Мисли дека не мора да одговара бидејќи е богат. Морав да побарам налог за апсење, за да го натерам да плати“, рече раперот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против тројца за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс кое угина вчера

A1on

Умре Феликс, кучето кое безмилосно беше тепано со стап по глава, а неговата судбина ја сплоти цела Македонија

A1on

Влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало

Малолетен фудбалер (17) колабира и почина на теренот

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Кучето кое вчера беше претепано во Скопје е во тешка состојба

Горан Наумовски