Истражување: Опаѓа интересот за Фесјбук, расте за затворени форуми како ВатсАп

Од:

Голем број луѓе се префрлаат од Фејсбук на затворени форуми како ВатсАп за да расправаат за дневни вести, поради загриженост за приватноста, лажни вести и расправии, се вели во анкетата на Институтот за истражување на новинарство на Ројтерс.

Се намалува користењето на Фејсбук особено меѓу младите кои преферираат ВатсАп, Инстаграм и Снапчет. Фејсбук и понатаму е најпопуларна социјална мрежа со 36 отсто користење минатата недела, но губи во трката со други апликации како ВатсАп, кој во четири години има тројно зголемен број корисници како извор на вести и сега е на 15 отсто.

Луѓето се чувствуваат подобро кога разговараат на затворени платформи особено во држави со поларизирани поделби, во кои е опасно отворено да се изрази политички став, како Малезија и Турција, се вели во студијата.

Само 23 отсто од 74 000 анкетирани во 37 држави изјавиле дека веруваат на вести на социјални медиуми. Испитаниците рекле дека вести често пронаоѓаат на Фејсбук и Твитер, но, објавуваат во група на ВатсАп заради разговори со помал број лица- пријатели.

Во врска со Фејсбук, најголема забелешка за таа мрежа е довербата.

Би можело да ве интересира

Фејсбук го модифицира софтверот за препознавање лица

Ана Ололовска

„Прислушкувањето“ на Фејсбук под лупа на ЕУ

Ана Ололовска

Фејсбук ќе плати казна од пет милијарди долари на ФТЦ

Ана Ололовска

Американските власти почнаа истрага против Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон

Ана Ололовска

ФТЦ го казни Фејсбук со пет милијарди долари

Ана Ололовска

Американско регулаторно тело бара „Фејсбук“ да се откаже од криптовалутата

Ана Ололовска