Десетгодишната Мерисуеј од Флорида е парализирана една година, поради воспаление на мозокот, за кое нејзините родители тврдат дека го добила откако примила вакцина против грип.
Нејзината мајка Карла Гривна вели дека девојчето било здраво и среќно се до ноември минатата година, кога таа го однела на сезонска вакцинација против грип.
-Неколку дена потоа , едно утро ја пронајдовме парализирана во кревет. Единствено што можеше да направи беше да ги движи очите. Не можеше дури ни да зборува-се сеќава мајката и додава дека со сопругот се сигурни дека вакцината е виновна за состојбата на нивната ќерка.
Инаку резултатите од истражувањето на Американскиот институт за здравје покажуваат дека пет проценти од заболените од АДЕМ примиле вакцина истиот месец кога ги добиле првите симптоми на болеста.
Е. Г.