Иран отвори свој „Јутјуб“

Од:

Иран отвори нова интернет страница за размена на видео снимки во обид да понуди алтернатива за популарните сајтови како Јутјуб, кои се забранети во оваа земја.

Интернет страницата на државната телевизија е наречена „Мехр“ (на персиски значи „наклонетост“), чија цел е промовирање на иранската и исламската култура и уметност. Засега не се знае во која мерка сајтот www.mehr.ir ќе биде надгледуван или цензуриран.

Страниците како Јутјуб или социјалните мрежи Фејсбук и Твитер иранската држава ги забранила со образложение дека блогери од западните земји водат „тивка војна“ против Исламската Република.

Иранските власти најавија и дека се обидуваат да создадат сопствен интернет простор кој нема да биде поврзан со западниот дел од светот, но експерти за кибер технологија нагласуваат дека ниту една земја не би можела целосно тоа да го направи.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска