Интернет најмногу користат учениците и студентите

Од:

Близу 70 проценти од македонските домаќинства имаат пристап до интернет од дома, а најмногу го користеле учениците и студентите.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тримесечје од 2014 година 68,3 проценти од домаќинствата имале  пристап до интернет од дома и е за 3,3 проценти повеќе во споредба со овој квартал лани.

Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на  домаќинства е зголемено од 65 отсто во 2013 година, на 67,7 отсто во 2014 година.

Речиси сите (99,1 проценти) домаќинства со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување  на интернет.

Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле  67,6 отсто, a интернет користеле 68,1 отсто. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96,3 отсто, 55,2 проценти од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2014 година употребиле мобилен телефон или  паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски