Инсајадерски шик: модна марка создадена зад решетки

Од:

Проектот Пиета е интригантски нов бренд за облека која ја прават затвореници во затворите во Перу и која е пандан на Худ бај ер и Александер Ванг – и ги истакнува дамнешните врски помеѓу затворениците и модата.

Затворот Сан Педро во областа Сан Хуан де Луриганчо е најголемиот затвор во Лима, Перу. Со повеќе од единаесет илјади затвореници во простор наменет за 2,500, затворот е густо пренатрупан, а могумна од казнениците се заробени во полупостојан лимбо додека ја чекаат официјалната пресуда. Тоа е исто така дом на едно од најинтригантските и стислски нови бренови во модната индустрија.

Проектот облека Пиета го смисли Томас Џејкоб, француски дизајнер кој се преселил во Лима во 2011 за да отвори бизнис со перуански модна марка. Со негово пријател кој им предавал на затворениците француски јазик имал шанса да го посети обласниот затвор Касто Кастро, што на Џејкоб му ги отворило очите за можноста за проект за создавање облека зад затворските ѕидови. „Во затворот имаше неискористени машини за шиење и плетење. Имаше и мноштво прекрасни слободноумни луѓе – сето тоа далеку од сликата која се има за затворенциите – кои сакаа да се вклучат и да научат некаква вештина, да работат, да заработат пари“, вели Џејкоб.

– Овие луѓе се со непривилигирано потекло и со денови чмаат во затвор неработејќи ништо. Почувствував дека е ова фантастична можност самите за себе да создадат нешто поттикнувачко“, објаснува тој.

По три години, проектот Пиета ја претстави својата втора колекција. Облеката воглавно е на еднобојна основа, со елеци и маици на кои има пораки против естаблиштменот. Колекцијата е направена од достапни и регионално произведени материјали, а затворениците се плаќаат по единица произведен примерок. Етиката е во срцето на овој бренд, но тоа е исто и стилот; сукњи до колена за мажи и огромни патики со потпетици, стилот на прокетот Пиета е пандан на стиловите на Худ бај ер и Александер Ванг. Работат 30-мина, и мажи и жени, од три затвори – Санта Моника во Хлориљос, Сан Хорхе во Лима, и Сан Педро во Луриганчо.

Модата, без разлика дали преку креативно изразување и рачна работа, има долгорочна историја во затворите низ целиот свет. „Традиционално, постои експлоатација на затворениците како бесплатна работна сила, посебно во Австралија, Америка и во Велика Британија“, вели Џулиет Еш, автор на книгата „Обучени зад решетки“.

– Како што напиша Чарлс Дикенс, во 19-иот век имало колективна работа која вклучувала цели затворски ќелии и затворениците работеле по 12 часа без одмор“.
Еш вели дека со текот на времето експлоатацијата отворила пат за вистински и прогресивни односи помеѓу затворениците и облеката која ја прават. „Иницијативите како Фина облека од ќелија и Затворски блуз се фокусираат на социјалното претпремништво, овозможува учење на вештини и обуки за создавање на одблека од затворениците“, вели таа. „Постојат секакви иницијативи затоа што се работи за телото. Во затвор, токму телото е она што е затворено, исто како и умот. И модата овозможува ниво на физичко изразување кое го опфаќа телото“.

Неодамнешната модна ревија во Неве Тирза, единствениот женски затвор во Израел, покажа дека облеката може да создаде двојни чувтства на изразување. И тоа не само кога се носи, туку и во дизајнот и во процесот на нејзино производство. „Тоа е многу успешен теврапевтски процес“, вели Никол Ингландер, шеф за комуникации во израеската затворска служба. „Важно е дека тие чувствуваат дека можат да создадат нешто прекрасно“.

Односот помеѓу модната индустрија и затворите понекогаш е симболична, вели Еш. „Затворениците не се повеќе отсечени од надворешниот свет од кои претходно и тие биле дел. Затоа е неизбежно модните трендови да можат да ги олеснат нивните животи. Користат се што можат за да ја покажат својата индивидуалност или утеха“. Модниот свет е само приемник на тоа. Како што напиша Амелија Џентлмен во текст во Гардијан во 1998 година, затвореник во затворот Киркам вуд, во Ланкешпир, пак се вратил на „ново отслужување во затворот откако би фатен 10 минути подоцна по ослободувањето како се обидувал да прошверцува затворсса маица надвор од затворот, за да им ја продаде на модните трговци“. Затворските маици станале барани модни парчиња за кои може да се добијат прилично високи суми пари на слободнит пазар. „Ова не е толку убаво како што звучи“, напиша Џентлмен. „Утилитарниот стил на затворската облека годинава владее на на модните писти, а забранетите конотации неизбежно ги прават уште попривлечни“.

Зад затворските ѕидови се појавуваат вчаурени затворски трендови, понекогаш во спротивност со нивното опкрузжување, а понекогаш експлицитно го усмеруваат она што се случува во надворешниот свет. На почетокот на годинава, затворот Сажино во Мичиген им забранил на затворениците да носат силно портокалови комбинезони, откако телевизиската серија на Нетфликс, „Портокаловото е новото црно“ ги направил вистински хит меѓу затворениците. Во затворот Сан Квентин во Калифорнија, затвореииците носат различни бои чорапи за да ја покажт на која и банда припаѓаат, вели Еш.

Во Перу, многумина од затворенците со кои работи Џејкоб не треба да бидат обучени, затоа што веќе работеле како шивачи и во производството на облека пред да бидат затворени. „Шиењето е широко распространета вешина во Перу“,, вели Џејкоб. “Плетењето и везењето се вообчаени во провинциите и воопшто помеѓу најскоромното население, кое е и најизложено на деликвенција. Но за другите, тоа им ги промени нивните животи“.

Гардијан – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска