Индиец бил прогласен за мртов, а потоа оживеа по 8 месеци: ДНК тестот го отстрани сомнежот

Од:

Човек од Индија, кој беше прогласен за мртов, а потоа кремиран, се појави жив и здрав осум месеци подоцна, оставајќи го своето семејство во шок, во најмала рака.

Полицијата од градот Маргао во Гоа го пронашла Дипак Балакришнан Канди во хотел лоциран во стариот дел на градот во вторникот вечерта. После тоа го префрлиле Дипак во притвор, каде што утврдиле за што всушност се работи. Имено, полицијата сфатила дека телото кое било кремирано пред 8 месеци не е негово, пишува The Times of India и пренесува Daily Mail.

Полициски извори рекоа дека Дипак исчезнал на 7 јуни минатата година од градот Мепајур, кој се наоѓа во областа Керала и на околу 540 километри јужно од Маргао.

Во локалната полициска станица е поднесена пријава за исчезнато лице. Меѓутоа, на 17 јули, машко тело пронајдено на плажа во Керала е погрешно идентификувано како Дипак.

Семејството на Дипак ги изврши последните обреди, но неколку дена подоцна, полицијата во Керала сфатила дека кремираното тело всушност му припаѓа на Иршад, човек кој исто така исчезнал.

ДНК тестот направен на примероци од останките на Дипак потврди дека имало промена на идентитетот. Потоа беше извршена потрага, а истрагата ја презеде криминалната полиција.

Во вторникот, полицијата на градот Маргао беше ангажирана во рутински надзор на хотелот. За време на случајната проверка на списокот на гости во хотелот, тие наишле на број Ахар – единствен идентификациски број што може доброволно да го добијат индиските граѓани и странските државјани. Токму тоа го оддаде идентитетот на Дипак.

Дипак и рекол на полицијата дека патувал на различни места, вклучувајќи ги Џајпур, Делхи и Пенџаб, пред да стигне неодамна во Гоа.

Би можело да ве интересира

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија