Има 66 години и уште вежба: „Помладите мажи ми испраќаат експлицитна содржина“

Од:

Лесли Максвел, која има 66 години и живее во Мелбурн, стана голема атракција на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед и посветеноста на фитнесот.

Лесли редовно споделува провокативни и разголени фотографии на својот Инстаграм профил, а повеќето од нив се направени во теретана, каде што повеќе сака да тренира со внуката Тија. Интересно е што Тија, признала дека нејзината баба е сериозна конкурентка кога е во прашање привлекувањето на машкото внимание.

“Ми се јавуваат дури и 18-годишници, што е навистина смешно. Понекогаш се прилично експлицитни. Сето тоа го сфаќам како комплимент, одлично е што сум дури и само интересна”, вели Лесли, која овие пораки ги гледа како комплименти.

И додека Тија се забавува со огромното внимание што го добива нејзината баба на Инстаграм, ќерката на Лесли, Ванеса, која не е баш по фитнес, не е премногу воодушевена од објавите на нејзината мајка на социјалната мрежа.

„Сеуште ми е мајка, не е како ќерка тинејџерка или нешто друго. Не сакам да се промени, само малку да се „упристои““, вели Ванеса.

Лесли, пак, своите објави на Инстаграм ги смета за дел од својата работа.

„Навистина го сакам фитнесот и секогаш сум во теретана во оскудна облека, но и се натпреварувам, па навикната сум да бидам на сцена во минијатурни бикини. Немам проблем да прикажувам такви фотографии. Не се срамам од моето тело. Морам да бидам производ во кој верувам. „Не сакам да се кријам и ако сакам да го покажам своето тело ќе го покажам. Зошто да си стар и болен ако не мораш, зошто да не бидете „на врвот на светот““, рече таа.

Лесли решила да стане личен тренер кога имала 48 години и таа година победила на својот прв фитнес натпревар. Својот младешки изглед го припишува на строгиот фитнес режим и фактот што тренира најмалку пет пати неделно. Порано работеше како шминкерка и на промоции, а денес стана инспирација за многумина благодарение на нејзиниот животен став и посветеноста на физичката активност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мјанмар: Во преден план час по фитнес, во позадина – воен удар

Жарко Настоски

Национален фитнес ден прв пат и кај нас – бесплатно вежбање со врвни инструктори

Ана Ололовска

Една година подготовки за балкански првак во бодибилдинг и фитнес на 41 години

Ана Ололовска

Пуштена во употреба фитнес зоната во парк шумата Гази Баба

Ана Ололовска

Инстаграм инструкторката Хена Полатис вежбаше со ќерка си

Наум Локоски

Мајка на шест деца го открива рецептот за својата неверојатна линија

Ана Ололовска