Инстаграм инструкторката Хена Полатис вежбаше со ќерка си

Од:

Инстаграм инструкторката Хена Полатис која своите 1,3 милиони следачи ги привлече со фитнес видеата од Бали, ги почести своите обожаватели со снимка на која вежба заедно со двегодишната ќеркичка Евалија Грејс.

Видеото содржи сериозни вежби, но вниманието го украде малечката, која неуморно се труди да ја копира својата мајка.

– Сака да вежба со мене дома и сака да ме следи во вежбалницата. Јога практикува веќе една година и некои вежби ги изведува подобро и од мене, изјави Хена во една прилика.

Хена е фитнес инструкторка од Австралија, која за себе вели дека е фитнес зависник. Таа ни во бременоста не престана да вежба, па многумина и ја критикуваа поради тоа. Никогаш немаше проблеми со својата линија.

Би можело да ве интересира

Прекумерната тежина го забрзува стареењето на мозокот

Ана Ололовска

Кошмарите помагаат за подобро справување со секојдневниот стрес

Ана Ололовска

Годишно во себе внесуваме 250 грама пластика

Ана Ололовска

Научниците пронајдоа нов начин за лекување инфекции – менување на генот наместо антибиотици

Ана Ололовска

Брендон Мекарти: Луѓето во минатото старееле побргу

Ана Ололовска

Истражување: Поранешните и сегашните пушачи живеат со поголема болка

Ана Ололовска