Илон Маск со нов ултиматум за вработените: Ќе мора да работите прекувремено

Од:

Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, им дал ултиматум на своите вработени во интерна електронска порака да се „посветат на напорна работа“ или да ја напуштат компанијата, објави Си-Ен-Ен.

„За да го изградиме револуционерниот Твитер 2.0 и да успееме во сè поконкурентен свет, ќе мора да бидеме многу посветени“, напиша Маск. „Ова значи дека ќе мора да работите прекувремено и многу интензивно. Само најдобрите ќе можат да останат“, додаде тој.

Маск исто така рече дека Твитер ќе биде „многу поинженерски ориентиран“ и им порача на вработените: „ако сакате да бидете дел од новиот Твитер, означете „да“ во формуларот.

Конфликти со вработените

Тој додаде дека вработените кои нема да го сторат тоа до одредено време утре ќе бидат отпуштени и ќе добијат тримесечна отпремнина. Оваа порака ја испратил откако јавно и приватно се судрил со вработените за начинот на кој го води Твитер. Откако го презеде Твитер, Маск ги отпушти извршните директори, бордот на директори и речиси половина од вработените.

„Без разлика каква одлука ќе донесете, ви благодариме што напорно работевте за да го направите Твитер успешен“, заклучил тој.

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции