Илон Маск откри колку чини билет за Марс

Од:

Луѓето еден ден би можеле да се преселат на Марс за помалку од 100.000 долари и да се вратат бесплатно на Замјата, доколку не им се допадне на Црвената планета, пишува „Индепендент“.

Илон Маск верува дека еден ден обичните граѓани ќе можат да одат на Марс и таму да започнат живот.

-Убеден сум дека преминот на Марс еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и ќе биде под 100.000, вели Маск.

Тој смета дека цената е доволно ниска за луѓето во развиените економии да можат да ја продадат својата куќа на Земјата и да се преселат на Марс, доколку го сакаат тоа.

Маск се надева дека патниците ќе одат на Марс со вселенски брод на компанијата – Старшип, кој е во процес на тестирање.

Би можело да ве интересира

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори