Илон Маск е новиот сопственик на Твитер

Од:

Илон Маск ја купи социјалната мрежа „Твитер“ за 44 милијарди долари.

„Твитер“ вечерва објави дека ја прифатил понудата на Маск.

„Твитер потврдува дека постигнал дефинитивен купопродажен договор. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија“, рече тој вечерва.

„Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на Твитер што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е за 38% повисока од цената на акцијата на 1 април 2022 година“, се вели во соопштението на компанијата.

Така, Маск стана сопственик на платформа која ја смета за „јавно дигитално место за дискусија за витална содржина за човештвото“, се вели во соопштението.

„Слободата на говорот е основата на демократијата“, рече Маск.

Би можело да ве интересира

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори