И „Симпсонови“ цензурирани во Русија

Од:

Руската телевизија, „2Х2“ во текот на оваа недела соопшти дека во рамки со новиот закон што забранува сцени на насилство, алкохол и пушење во раните вечерни часови, ќе почне со цензуирање на цртаниот филм „Симпсонови“.

Спорен е цртан филм, што малите деца на „Симпсонови“ редoвно го следат „The itchy&Scratchu Show“.

„Ќе го преработиме цртаниот филм на ироничен начин, така што сцените во серијата што не се во согласност со новиот закон ќе ги затемниме и ќе напишеме хумористични пораки“, изјави генералниот директор, Лав Макаров.

Освен тоа, телевизијата од 23 часот ќе ја прикажува серијата „South park“, затоа што сцените во кои Кeни редовно умира се во судир со новиот закон, пишува „The Moscow Times.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски