Тајванскиот производител ХТЦ планира во 2013 година освен моделот М7 да претстави уште два нови уреди со кодни имиња М4 и Г2.
Моделот М4 ќе биде со послаби карактеристики во споредба со моделот М7. Тој ќе поседува 4,3 инчен дисплеј со резолуција од 720 пиксели, 1,2 Гигахерци дуалкор Снепдрагон процесор, 2 ГБ РАМ, камера од 13 мегапиксели и батерија со 1.700 милиампер часа.
Г2 треба да претставува достапен уред со 3,5 инчен дисплеј, 1.0 гигахерци АРМ Кортех процесор, 512 МБ РАМ и батерија од 1.400 мАч.
Двата уреди на пазарот се очекува да се појават напролет.