Хрватски новинар известуваше во живо заглавен во лифт

Од:

Хрватскиот новинар Давор Мештровиќ требало во живо да се јави во емисијата „Добро утро, Хрватска“ за да информира за почетокот на работата на Музичката академија во Загреб во нејзината нова зграда.

Меѓутоа, додека се качувал кон местото од каде требало да го емитува прилогот, лифтот се заглавил и Мештровиќ останал во него.

Сакајќи да остане доследен на својата професионалност, Мештровиќ решил во предвидениот термин да се јави во живо  во емисијата од „местото на настанот“ или во случајот од лифотот во кој бил заглавен заедно се снимателот и неколкумина студенти.

– Ве молам сега за мир во лифтот, немојте да одите никаде, им се обратил Мештровиќ на присутните во лифот на почетокот на својот прилог во живо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски