„Хјуавеи“ стана трет најголем производител на таблети во светот

Од:

Глобалниот пазар на таблети годинава ќе регистрира пад во продажбата за 4,3 отсто на годишно ниво, на 145,5 милиони парчиња, прогнозираат аналитичари на „ТрендФорс“, кои тврдат дека главна причина за овие трендови е слабиот интерес за поевтините модели, како и популарноста на уреди, како паметни звучниците.

Според аналитичарите, повеќето производители не успеваат да се справат со ситуацијата и ќе остварат пад во продажбата оваа година.

Исклучок од ова ќе биде кинескиот гигант „Хјуавеи“, кој очекува да продаде за над 30 отсто повеќе таблети на глобално ниво во однос на 2017-тата.

Благодарение на добрите перформанси и над 14 милиони продажби „Хјуавеи“ ќе ја завршат годината со пазарен удел од околу 9.8 отсто. Тоа е бојка, која е доволна компанијата да го надмине „Амазон“ и да стане третиот најголем производител на таблети на глобално ниво.

Многу веројатно е дека ваквата тенденција ќе продолжи и „Хјуавеи“ ќе стане уште повлијателен во 2019 година.

Стратегијата на „Хјуавеи“ да се фокусира на нискиот ценовен сегмент и да им понуди на своите корисници атрактивни уреди со пониска цена се покажа доста успешна. Во моментов, компанијата веќе започна со работа на следната генерација на 5Г мрежни уреди кои ќе бидат клучни за нивната стратегија во 2019 година.

Според експертите, ако ги задржи добрите перформанси, „Хјуавеи“ има целосен потенцијал да стане уште подоминантен фактор на глобалниот пазар на таблети.

Би можело да ве интересира

Федерална комисија на САД укина одобрување за нова опема од „Хуавеи“ и од „ЗТЕ“

Ана Ололовска

САД издале лиценци за извоз во вредност од 100 милијарди долари на добавувач на Хуавеи

Ана Ололовска

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска