Хамилтон качил 7 килограми со веганска исхрана

Од:

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја откри причината поради која се чувствува посреќно и поздраво од порано – тој станал веган.

Според него, специјалната диета помага многу за неговиот силен почеток на сезоната, иако заостанува со бод од својот колега Валтери Ботас откако двајцата постигнаа 2 победи и два пати завршија на второ место. Финецот има дополнителен бод за најбрз круг.

– Со години имав 68 килограми, но со промена на правилата сега можам да качам неколку килограми, и сега имам 75, а зголемувањето е мускулна маса. Сега можам да јадам повеќе, имам 75 килограми и многу сум посреќен. Додавањето тежина не беше проблем, и покрај мојата веганска исхрана, напиша Луис во Инсаграм.

Од оваа сезона, правилата бараат тежината на возачот со седиштето да биде најмалку 80 кг. и тоа очигледно се одразува многу добро на Луис.

– Луѓето велат дека не можат да се откажат од нивните протеини, но има многу протеини во мојата исхрана, и сега сум посреќен и поздрав од кога и да било. Требаше да почнам многу порано, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

Од денеска без ограничени маржи, цените на основните производи ќе ги дефинира пазарот

Предраг Петровиќ

Хамилтон: Нема да е трагедија ако сезоната ја завршам без победа

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он

Тото Волф лут, Хамилтон и Расел шокирани од лошите перформансите на Мерцедес

А1он

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска