“Ослабете на чудесен начин, со овошна диета!”, вака со фотографија од корпа полна со овошје, гласела пораката која корисниците, заедно со уште неколку линкови, ја затекле на своите адреси, а која наместо нив ја оставила спамерската мрежа која го “пробила” безбедносниот систем на Инстаграм.
Друштвената мрежа за размена на фотографии и кратки видео записи, која има 130 милиони месечно активни корисници беше нападната на 29 јуни и поединечни корисници морале да ги заменат своите лозинки.
Порталот The Next Web наведува дека корисниците ширум светото веќе добиле мејлови од Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, да ги заменат своите лозинки, за да го избегнат губењето на своите адреси или содржини на нив.
Инстаграм се огласил, и потврдил дека спамерски напад навистина се случил и дека е погодена “мала група на Инстаграм корисници”. Тимовите од Инстаграм работат на отстранување на овој проблем.