Гугл создава најголема дигитална библиотека

Од:

Федералниот апелациски суд во Њујорк веројатно позитивно ќе се изјасни во врска со идејата на Гугл за создавање најголема дигитална библиотека на светот, имајќи го предвид она што можело да се слушне на рочиштето по жалбата на оваа компанија во нејзиниот спор со Авторското здружение на САД.

Тричлениот судски совет ја разгледува жалбата на Гугл на минатогодишната судска одлука според која тужбата, која Здружението ја поднело во име на одделни автори поради дигитализација на нивните книги, се смета за тужба на целата бранша.

Резултатите од програмата за дигитализација на Гугл се веќе видливи во форма на 20 милиони книги кои можат да се најдат на Интернет или во целост или во делови, зависно од тоа како се регулирани авторските права и какви ограничувања поставуваат издавачите.

Судијата Пјер Ливал изјави на рочиштето дека дигиталната библиотека претставува „огромна предност“ за „можеби многу“ автори кои би сакале Гугл да им нуди делови од нивните книги на потенцијалните купувачи.

Авторското здружение на САД бара по 750 долари отштета за секоја книга која Гугл досега ја дигитализирал, што би можело оваа компанија да ја чини повеќе од три милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски