„Гугл“ негира дека ги следи корисниците кога прелистуваат во „инкогнито“ режим

Од:

„Гугл“ води судски спор со креаторите на алтернативниот пребарувач „ДакДакГоу“, во кој гигантот е обвинет дека постојано ги следи интернет корисниците.

Според претставниците на „ДакДакГоу“, алгоритмите на компанијата собираат информации за активностите на корисниците за да ги прилагодуваат резултатите од пребарувањето и рекламите.

Тужителите тврдат дека оваа практика се врши дури и ако корисниците го активирале „инкогнито“ режимот на сурфање на интернет на веб прелистувачот.

„Гугл“ категорично ги отфрла ваквите тврдења.

Технолошкиот гигант прецизира дека тоа не се случува и секој може да излезе од својот профил во „Гугл“ или да го стартува „инкогнито“ режимот на веб прелистувач. Така корисникот ќе гледа сосема различна содржина во однос на резултатите од пребарувањето и рекламите во споредба со случаите, кога е најавен во својот профил и ги гледа сите информации во неговиот профил.

Сепак „ДакДакГоу“ смета дека „Гугл“ ги доведува корисниците во заблуда со начинот на кој работат „инкогнито“ режимите на најпопуларните прелистувачи.

Според нив, „Гугл“ користи голем број практики за манипулирање со резултатите од пребарувањето и со тоа создава нелојална конкуренција.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Американското Министерство за правда го тужи Гугл поради монопол

Горан Наумовски

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Русите истражуваат како да си ги скршат рацете за да избегнат мобилизација

А1он

Гугл ја загуби жалбата против ЕУ, мора да плати казна од 4 милијарди евра

А1он

Гугл му даде отказ на инженерот кој тврдел дека една од програмите има свест

Горан Наумовски