Гугл наполни 20 години

Од:

Гугл не е само името на најпопуларниот пребарувач на Интернет, но исто така и компанија, чии атрактивни производи се користат секојдневно од милиони луѓе низ целиот свет. Без разлика дали станува збор за водечкиот оперативен систем за паметни телефони, за најдобрата услуга за навигација или најголемата видео платформа на интернет, од Гугл секогаш имаат соодветно решение. Технолошкиот гигант е симбол на едни од најимпресивните иновации во последните две децении, кои секој ден ни штедат драгоцено време.

Целата приказна на Гугл започнува на денешниот ден пред 20 години, кога Сергеј Брин и Лари Пејџ го стартуваат официјално својот уникатен проект за пребарувач кој ќе ги организира сите информации во интернет. Основната намена тогаш не е само да ги развијат потребните алгоритми, но исто така да ги направат универзално достапни и корисни за сите луѓе, без разлика каде се наоѓаат. Идејата на Сергеј и Лари е импресивна, а уште позачудувачка е вистинската нејзина реализација и начинот на кој го смени веб просторот во видот во кој го познаваме денес.

Пребарувачот индексира милијарди пребарувања на корисниците секој ден и се користи во над 190 држави, поддржувајќи повеќе од 150 јазици ширум светот. Веројатно најдобар пример колку незаменлив дел од нашето секојдневие е пребарувачот, кажува фактот дека денес Гугл е име кое секој го има слушнато и во исто време е производ без кој повеќето од нас не можат.

Компанијата ќе продолжи да инвестира сериозни ресурси за подобрување на можностите за пребарување.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Американското Министерство за правда го тужи Гугл поради монопол

Горан Наумовски

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Русите истражуваат како да си ги скршат рацете за да избегнат мобилизација

А1он

Гугл ја загуби жалбата против ЕУ, мора да плати казна од 4 милијарди евра

А1он

Гугл му даде отказ на инженерот кој тврдел дека една од програмите има свест

Горан Наумовски