„Гугл“ казнет со 145 илјади евра за собирање лични податоци во Германија

Од:

Германските власти парично го казнија интернет гигантот „Гугл“ со 145 илјади евра за собирање на голема количина лични податоци од безжични мрежи преку камери поставени на превозни средства, со кои ја извршува својата услуга за набљудување на улиците, јави ДПА.

Службата за заштита на личните податоци во северниот град Хамбург одреди парична казна за нарушување во периодот од 2008 до 2010 година, кога „Гугл“ ја подготвувал услугата.

Според службата тоа е еден од најсериозните досега откриени случаи на нарушување на одредбите за заштита на лични податоци.

Собраните податоци биле од најразличен вид – електронска пошта, фотографии, архиви на разговори на интернет.

„Гугл“ нагласи дека презел мерки за отстранување на проблемите, поврзани со неговата услуга за набљудување на улиците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска