Групна венчавка во Велес

Од:

Во организација на Повардарската епархија синоќа во Соборниот храм „Свети великомаченик Пантелејон“ во Велес се одржа седмата групна венчавка.

За венчавката се пријавиле седум брачни пара, а дошле и се венчале пет, информира свештеникот Мики Миовски, кој заедно со уште тројца свештеници од епархијата ја изврши групната венчавка.

– Целта на оваа венчавка е оние брачни парови кои поради низа причини пред многу години кога се земале не се венчале во црква, туку само во матично, сега  да го извршат и овој свет чин, рече Миовски, додавајќи дека Повардарската епархија тоа им го овозможува бесплатно и дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он