Град Скопје: Придружете ни се, да направиме најголема елка од луѓе за Гинис

Од:

Плоштадот „Македонија“ утре во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.

Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат на овој интересен потфат.

„Формирањето новогодишна елка од луѓе е дел од програмата на „Винтерленд“. Настанот ќе биде збогатен со музичко – забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и Нон стоп.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници. Утре (21.12.2019 година) и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Затоа, дојдете да се забавуваме и да ја направиме најголемата новогодишна елка во светот направена од луѓе“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ