Google има нов редизајниран пребарувач на фотографии е сеуште во фаза на тестирање.
Компанијата објави дека навигирањето низ фотките ќе може да се врши и со тастатура, a актуелната фотка ќе се прикажува на средината од сајтот.
На овој начин ќе се појавуваат информациите за големината и називот на фајлот, за разлика од досегашниов начин за кој требаше да се држи курсорот од маусот над фотката неколку секунди за да дојдеме до посакуваните информации.
Овој редизајн ќе го „исфрли“ чудниот приказ на кој во заднина се покажуваше и сајтот на кој се наоѓа фотката, а конкретната фотка ја отвараше преку иницијалниот (матичен) сајт.