Facebook е убедливо најпопуларна друштвена мрежа, но на второто место сега се наоѓа Google+ кој го надмина Twitter по број на корисници.
Резултатите се добиени според извештајот на Global Web Index, во кој се врши мониторинг на 31 земја од светскиот пазар, кој претставува 90 отсто од вкупниот број корисници на интернет.
Facebook забележал раст во бројот на корисници од 33 отсто, Google+ од 27 отсто, а Twitter дури 40 отсто.
Поради зголемената популаност на глобалните друштвени мрежи се поголем губиток имаат некои помали социјални мрежи.