Голем вселенски брод ќе ги носи луѓето и животните во Вселената?

Од:

Бродот кој во иднина ќе ги превезува луѓето на новите планети, ќе биде еден вид вселенска „Ноева барка“, наведуваат експертите.

Научниците од „Икарус Интерстелара”, кој што се занимава со истражување на вселенските патувања, започнаа истражување на дизајнот на леталото, кое би можело да обезбеди патување низ вселената и кое би можело да опстане со години.

Леталото ќе биде во вид на голема топка исполнета со земја и со километарски размер. Во неа ќе бидат сместени само самоодржливите екосистеми од микоорганизми, преку билки и животни, до луѓе.

Човекот во овој брод нема да живее на површината туку во дупките во тлото, кои ќе бидат поврзани со систем од канали, со цел да се заштити од зрачење. Состојбата на тлото, ќе ја следат и програмираат бројни сензори и системи.

-Мора да размислиме како генерации луѓе да преживеат во вселената подолг период, истакна Рејчел Армстронг, шеф на истражувањето на проектот „Персефон” на Универзитетот „Гринвич”.

zavselena-s

Експертите кои работат на вселенската „Ноева барка“ истакнуваат дека во тек на конструкцијата на бродот ќе треба да се решат голем број проблеми и дека за тоа ќе бидат потребни искуства кои допрва ги чекаат новите генерации.

Пред се треба да се обезбеди и револуционерен погон на доволно обновливи извори на храна, вода и кислород и барем некои симулаци на гравитација.

Во текот на деведесетите години од минатиот век, американски екипи во рамките на проектот „Биосфера 23 во Аризона, два пати се обиделе да реализираат програм за самоодржливост во кој одгледувале храна и ги рециклирале сметот и водата. Но мисијата се соочила со низа проблеми, како недостаток на храна за патниците, пад на нивото на кислород, затнување на системот за филтрирање на вода и друго.

Сличен проект за транспорт на нови генерации земјани во вселената во 2012 година покренаа и НАСА и Дарпа.

Експертите сметаа дека одлучувачки чекор во развој на мисијата „Ноева барка“ ќе биде намалување на трошоците за доставување на технологија и товар во Земјината орбита.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ