Го изгубил добитното лото ливче

Од:

Еден маж во јужна Калифорнија дојде да подигне милионска добивка на лотарија, но остана со празни раце затоа што го изгубил добитното ливче.

Ливчето е купено во еден супермаркет во близина на Лос Анџелес, безбедносните камери го снимиле моментот кога мажот го купувал добитното ливче.

Американската лотарија пред неколку недели објави снимка со надеж дека добитникот ќе дојде да ги подигне парите пред истекот на рокот.

Мажот веднаш се појавил, но наградата не успеал да ја подигне затоа што го изгубил добитното ливче.

– Согласно правилата на лотарија, наградата не може да биде исплатена доколу не постои ливчето, рече портпаролот на лотаријата, Алекс Траверсо.

Сепак, има некој кој оваа загуба ќе го направи среќен. Оваа милионска добивка ќе биде пренасочена на државните училишта во Калифорнија.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД