Во Кадетската капела на американската воена академија Вест Поинт, денеска првпат во историјата на најпрестижната американска школска установа, се венчани лица од ист пол.
Невести беа Пенелопе Гнесин и Бренда Сју Фултон, двете дипломки на Вест Поинт, а на венчавката беа околу 250 гости. Церемонијата ја водеше воен свештеник.
Двојката, која е заедно од 17 години, во 1999 година ја потврди врската на граѓанска церемонија за размена на брачни завети, која меѓутоа, нема правна вредност.
Бракот на двете припаднички од ист пол стана можен дури минатата година, кога државата Њујорк, каде се наоѓа воената академија Вест Поинт, ги легализира истополовите бракови.