Фустан кој станува проѕирен кога ќе се возбудите

Од:

Еден холивудски моден дизајнер креираше линија на високотехнолошки фустани кои стануваат проѕирни кога лицето кое ги носи доволно ќе се возбуди.

Линијата на фустани наречена „Интимност“ ја креираше Дан Розегерд, основач на компанијата Студио Росзегерд. Проектот е осмислен со цел истражување на врската меѓу технологијата и човечкото тело.

Фустаните кои ги носат имињата „Интимно бело“ и „Интимно црно“, се направени од непроѕирни паметни фолии. Меѓутоа, кога лицето ќе се возбуди и кога бројот на отчукувањата на срцето ќе забрза, фолијата станува проѕирна.

Фолијата е некој вид на комбинација меѓу безжичната технологија, ЛЕД светлата и други материјали.

– Општествената интеракција го одредува нивото на проѕирност на фустаните и креира сензуална игра на разоткривање, пишува на Интернет страницата на компанијата.

Компанијата работи на прототипот на фустанот од 2010 година, а првата линија е креирана за модната писта во Хонг Конг и Париз.

– Следната линија на ваки фустани ќе биде достапна на широката јавност. Исто така, моментално креираме костуми за мажи кои стануваат проѕирни кога лажат, рече портпаролот на компанијата.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска