Франција: Версај во загуба од 45 милиони евра поради пандемијата

Од:

Една од најголемите туристички атракции во Европа, замокот Версај во Франција, е во загуба од 45 милиони евра поради намалениот број посети за време на мерките на изолација, изјави претседателката на музејот Кетрин Пегард, која додаде дека мора да се преиспита економскиот модел на оваа установа.

Посетеноста на Версај опадна во отсуство на странски туристи, со само 10.000 посетители дневно во моментов, или трипати помалку од вообичаеното, соопшти Кетрин Пегард;

-Дневно, ние сме со околу 10.000 посетители, повеќе за време на викендот, помалку во текот на неделата, затоа што нашите посетители се речиси исклучиво Французи. Постепено гледаме враќање на странците, како Германците, Холанѓаните и некои Италијанци, изјави Кетрин Пегард за РТЛ.

Обично, замокот, во кој 80 отсто од посетителите се странци, прима 30.000 посетители на ден во овој период, рече таа. „Финансиски, состојбата е тешка“, се пожали, додавајќи дека замокот што повторно се отвори на јавноста на 6 јуни „изгубил 45 милиони“ од затворањето досега.

-Ова не тера да размислиме што треба да бидеме, што треба да правиме, целиот наш модел, ако можам да кажам така, се распадна, рече таа, потсетувајќи дека „како и да е во историјата, затворањето на замокот се случило само еднаш, во времето на прогласувањето на Втората светска војна “;

Таа сепак увери „дека нема да штеди“ на персоналот, приближно 1.000 вработените во замокот и околу за 20000 други „кои работат околу“ замокот.

Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, од своја страна соопшти дека посетеноста е помала за четири пати во јули, со 10000 посетители на ден, ниво сепак во согласност со предвидувањата на неговата управа.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Версајската палата во Париз

Замокот Версај е евакуиран по седми пат, заканите за бомби продолжуваат да доаѓаат

Версајската палата повторно евакуирана по закана за бомба

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Австралиски „Квантас“ во загуба од 1.4 милијарди долари

Жарко Настоски

ОН: Брегзит без договор ќе доведе до загуба на 16 милијарди евра