Замокот Версај е евакуиран по седми пат, заканите за бомби продолжуваат да доаѓаат

Од:

Замокот во Версај денеска повторно е евакуиран по анонимна закана за бомба, соопштија надлежните од туристичката атракција во близина на Париз, додека безбедносните служби ги пребарале просториите. Ова е седмо затворање на замокот за осум дена поради безбедносни закани.

Иако осомничениот беше уапсен, заканите за бомби продолжија, а сето тоа на крајот се покажа како лажно. Стотици училишта во Франција, како и регионални аеродроми беа цел на слични закани во последните денови.

Властите велат дека зад многу од лажните аларми стојат млади луѓе. Инцидентите ескалираа по смртоносниот напад на млад исламист врз наставник во северниот француски град Арас минатата недела. Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво поради заканата од тероризам по убиството.

Би можело да ве интересира

Версајската палата повторно евакуирана по закана за бомба

Франција: Версај во загуба од 45 милиони евра поради пандемијата

Жарко Настоски