Секоја година за Василица во селото Мокриево страчинарите одат од куќа до куќа, а домаќините им ги полнат торбите со колбаси и други подароци. Со храната што ќе ја соберат, страчинарите подготвуваат голема селска гозба.
Василица во струмичко започнува вечер со палењето на големите Василичарски огнови во Мокриево кои го означуваат почетокот на „Страчинарските игри“ во оваа село, кои се одржуваат на Василица, во понеделник.