Претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, вчеравечер присуствувапе на Денот на Обединетите Нации во Њујорк на кој настапија музичарите Стиви Вондер и Стинг.
Поранешниот министер за надворешни работи на Србија ја искористил приликата, пред да започне концертот да се слика со Стинг.
Фотографијата Вук Јеремиќ ја сподели на својата фан страна на Фејсбук, со описот „Пред концертот по повод Денот на ОН…Стинг и Вук Јеремиќ“.