ФОТО: Vanity најновата колекција на Драма Студио

Од:

Vanity е новата  авторска колекција во лимитирана верзија со моќен визуелен израз, од дизајнерот Ивана Кнез, под потписот на Драма Студио.

Vanity - Drama Studio (1)

Колекцијата е наменета за смели жени, со силен карактерен израз, специфичен стил и бестрашност во духот. Модните парчиња ја истакнуваат индивидуалноста на жената, со тоа што жената ги надвладува и доаѓа до израз нејзината внатрешна моќ.

Vanity - Drama Studio (2)

„Vanity е плод на подолго истражување во врска со вечната потрага по фонтаната на младоста, како и подготвеноста на луѓето да направат се само да ја задржат младоста. До каде оди човечката суета и површност за зачувување и инвестирање во убавината, кои се општествените мерила за истата и како со текот на времето критериумите за убавината се поместени и побарувањата за вештачки наметната убавина се со поголем интензитет. Затоа целата колекција изобилува со експресивен израз и има наметната тежина која во суштина ја носи секој од нас на специфичен начин“, вели дизајнерката Кнез за својата колекција и инспирацијата.

Vanity - Drama Studio (3)

Симбол на колекцијата е црната орхидеја која е рачно изработена во неколку верзии за потребите на моделите, а боите се во духот на мистиката, црна, темно виолетова и темни неутрални верзии. Во изработката на моделите Кнез користи свила, тул, сатен, еко кожа, свилено жерсе. Дизајнерот свој автентичен потпис на колекција остава и преку уште еден експериментален технички пристап кон изработката, карактеристично за сите колекции од Драма Студио.

Vanity - Drama Studio (4)

Модели овој пат се Ренната и Александра Пешевска, фризурата е на Урбан Артист Милена Цапов, шминка Сара Бауернфајнд, а фотограф на Vanity е Жарко Чулиќ.  Со цел комплетирање на целосниот стајлинг, Драма Студио со оваа колекција започнува  соработка со Бата Македонија.

Vanity - Drama Studio (5) Vanity - Drama Studio (6) Vanity - Drama Studio (7) Vanity - Drama Studio (8) Vanity - Drama Studio (9) Vanity - Drama Studio (10) Vanity - Drama Studio (11)

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска