Актерката Ума Турман е новото заштитно лице на „Campari“ календарот за 2014 година кој носи назив „Прослава ширум светот“.
За сликање на фотографиите за овој календар ќе се погрижи модниот фотограф Кото Болофо.
Секој месец од овој календар претставува единствени фестивали од различни култури од цел свет. Низ оваа нова и возбудлива тема, Campari настојува да ја нагласи забележителната глобализација на културите низ светот.
Ума Турман ја продолжува добрата традиција на претходните Campari хероини, меѓу кои се Селма Хаек, Ева Мендез, Џесика Алба, Мила Јовович и Пенелопе Круз.