ФОТО: Светските супермодели некогаш и сега

Од:

Терминот „супермодел“ се појави во 80-тите години на минатиот век, а вистинска дефиниција за него даде Клаудија Шифер: За да станете супермодел треба да се појавиѕе на сите насловни страници ширум светот во исто време, за да ве препознаваат луѓето“.

Синди Крафорд(46)
Оваа американска убавица ја започна кариерата во далечната 1986-та година. Препознатлива е по својот младеж над усната, кој стана нејзин заштитен знак. Синди ги красеше насловните страни на преку 600 списанија. Таа е првиот супермодел кој се сликаше за Playboy. Четири години беше во брак со Ричард Гир. Денеска е во брак со бизнисменот Ренди Гербер со кого има две деца.Наоми Кембел (42)

Својата успешна кариера оваа британска убавица ја започнала на 15 години кога била откриена на улиците на Лондон. Светската слава Наоми ја стекна на почетокот на 90-тите кога стана една од најплатените светски модели. Освен на насловните страни Кембел се појави и во музички спотови и филмови. Нејзината кариера ја пратеа и скандали. Од 2008-та година е во врска со рускиот бизнисмен Владислав Дороњин, со кој живее во Москва.

Линда Еванѓелиста (47)
Убавата Канаѓанка ја започна кариерата како тинејџерка. Најпрво била дел од агенцијата Елит во Њујорк, за подоцна да отиде во Париз. Поради трансформациите на имиџот, менувањето на бојата и должината на косата, Линда беше позната под прекарот камелеон. Еванѓелиста и понатаму се бави со манекенството.

Кристи Тарлингон (43)
Американската убавица Кристи Тарлингон красеше повеќе од 500 насловни страни, а важи и за една од најпријателските и најдобри манекенки за соработка. Со Клаудија Шифер и Ели Мекфирсон беше сопственик на Фешн Кафе. Во брак е со американскиот актер Едвард Брнсом со кој има две деца. И понатаму се занимава со манекенство.

Клаудија Шифер (42)
Познатата Германка ја започна својата кариера на крајот на 80-тите, кога се сликаше за француското издание на списанието Ел. Светска слава стекна на почетокот на 90. Беше во брак со илузионистот Дејвид Коперфилд. Од 2002-та година во брак е со англискиот продуцент Дејвид Вон со кој има три деца. Повремено работи како модел.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски