ФОТО: Струмичанката Лина го прослави 104. роденден

Од:

Опкружена со своите најблиски, ќерките, синот, снаата, внуците и паравнуците, струмичанката Лина Ќучукова денеска го прослави 104 роденден. Ведра и насмеана, им се заблагодари на сите што дојдоа да и го честитаат роденденот и посака и в година да присуствуваат на нејзината роденденска забава.

strumicankata-Lina (6)

-Алал да ви е на сите што дојдовте на мојот роденден. Се чувствувам многу убаво кога имам гости. Среќна сум со моите најблиски и му се радувам на секој ден. Единствената желба ми е здрави и живи и до година пак да се собереме тука, рече баба Лина.

strumicankata-Lina (2)

Нејзините најблиски денеска раскажуваа дека баба Лина се уште добро се држи, ја служи здравјето и е многу едноставна и скромна, нема посебни барања јаде што ќе и дадат, духовита е и позитивна и редовно се моли за нејзиното и здравјето на останатите.

strumicankata-Lina (3)

Од името на општината, роденденот на Лина и го честиташе Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

– Денеска е посебен ден за нашата општина Струмица бидејќи го славиме роденденот на нашиот најстар жител, а можеби најстар и во Македонија. Секоја година доаѓаме да и го честитаме роденденот на нашата баба Лина, таа многу се радува на нас и ги пренесов и честитките од нашиот градоначалник Зоран Заев кој денеска не можеше да дојде и лично да и го честита роденденот. Се надевам дека и до година ќе дојдеме за да го прославиме 105 роденден и посакувам долг живот и многу здравје, рече Даскаловски.

strumicankata-Lina (4)

Лина Ќучукова е родена на 9. август 1909 година во Гола, во близина на Кукуш, Грција. На четиригодишна возраст била донесена во Струмица. Целиот работен век го поминала по нивите, обезбедувајќи со сопругот егзистенција за семејството. Баба Лина има еден син, три ќерки, 9 внуци и 12 паравнуци.

strumicankata-Lina (7)

 

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски