Во рамки на 3. Меѓународен саем за туризам заврши Државното првенство на бармени на кое беа прогласени најдобрите бармени во Македонија.
Во класичната подготовка на коктели првото место го освои Ванчо Стојанов за коктелот Something Special, второто Љупчо Јаковлески за коктелот „Шарлиз Терон“, а на трето место е Никола Јосески за коктелот „Викторијан“. Победник во категоријата флертендинг, каде се оценуваше брзината, техниката на мешање пијалаци и изведбата на сцена победник е Дарко Ангелов со коктелот „А-тини“.
Победничките коктели на Ванчо Стојанов и Дарко Ангелов ќе го претставуваат Здружението на Бармени на Македонија на World Cocktail and Flair tending Competition што ќе се одржи во Прага од 16-22 август годинава.
За титулата бармен на годината во финалето се бореа десет бармени. Оценувањето се вршеше според неколкукритериуми: брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел, работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.