Ниската плима предизвикана од супермесечината и малата количина на врнежи предизвикаа сушење на дел од каналите во Венеција.
Изминатата недела можеше да се забележат како славните канали во Венеција се пресушени, а гондолите и бродовите останаа насукани и во кал.
Овој феномен не се случува прв пат. Пред две години нивото на морето беше 70 сантиметри пониско од вообичаетно, што исто така предизвика пресушување на дел од каналите.