Крај брегот на езерото Оканаган во канадската провинција Британска Колумбија се наоѓа резиденцијалната вила „Наутика Виста“, која се карактеризира со префинети детали и кога е во прашање архитектурата и кога е во прашање дизајнот.
Вилата, дело на архитектот Лорен Хармс, пружа прекрасен панорамски поглед на нејзината околина со што се наметнува како одлично место за мир и спокојство.
Околу резиденцијата има лозје и неколку винарии, а близината до летните и зимските спортски центри, ја прави идеална за одмор.
Куќата има сопствено езерско пристаниште кое совршено се вклопува во нејзиниот луксузен дизајн.
Резиденцијата со зелената околина изглада фантастично под синото ведро небо во текот на летото, но станува уште по импресивна кога е покриена со снег во текот на зимските месеци.