Невообичаенa колекција на фотографии од познатиот британски фотограф Сесил Битон под наслов „Cecil Beaton: Theatre of War“ е отворена во Кралскиот музеј во Лондон.
Преку оваа збирка од 100 фотографии се гледа едно поинакво светло на Втората светска војна каде што наспроти крвавите и злосторнички дејствиа се преставени и убавината, модата и луксузот на луѓето кои живееле тогаш.
За многумина е незамисливо дека Втората светска војна може да се покаже во гламурозна светлина бидејќи ужасот од војната не е нешто што може да се поврзе со високата мода и гламурозни фотографии.
Сепак, неговото портфолио е создадено далеку од труповите и хорор сцените, а на прво место се фотогеничните војници од единиците на сојузничките сили.
Битон направил околу 7.000 фотографии во тоа време.
Голем дел од нив се загубени, а дел од оние што „преживеале“ до денес и што ја поминале цензурата на комисијата во музејот, јавноста може да ги види.