Во Прилеп започна тринаесеттиот меѓународен карневал „Прочка 2013“. Граѓаните во групни и поединечни маски од рано изутрината се подготвија за големото дефиле.
Околу 3.000 маскирани лица продефилираа на парадата која се оддржува на Булеварот „Гоце Делчев“.
Звуците на тапани во комбинација со пагански маски го означи денешниот ден, како што го означувале векови наназад. И семејството на градоначалникот Марјан Ристески ја негува традицијата за Прочка. Маската на семејството Ристески е Баварци.