Кети Пери го подигна своето пријателство со Хилари Клинтон на ново ниво, креирајќи чевли специјално за неа.
Салонки со проѕирна блок потпетица исполнета со светкави ѕвездички и полумесечини се најновиот дизајн на пејачката, а го носат името Хилари. Моделот е достапен во светло розева и во тиркизно сина боја.
Тоа што Хилари досега не носела штикла од плексиглас, не значи дека сега не е момент да започне. Кандидатката за претседател од изминатите избори во САД, со воодушевување ги проба своите нови чевли и позираше како модна блокерка.
Цената на овие чевли се движи околу 139 долари, а достапни се само преку онлајн продавницата на пејачката.