Мелиса Ренсен од Канада, направила интересна фотографија од авион, за која и самата се изненадила.
Имено таа додека патувала, без да забележи дека на небото има виножито ги фотографирала облаците.
-Бидејќи не го забележав виножитото, бев изненадена кога ја видов фотографијата. Најпрвин мислев дека боите се од поларизираниот прозорец или од издувните гасови од авионот -вели Мелиса.
Инаку оваа фотографија е направена над Кариби, додека Мелиса, била во авион кој патувал од Лондон кон Хондурас.
Е. Г.