Харисон Форд ќe глуми во Индијана Џoнс 5, а продуцентот Кетлин Кенеди ги негира гласините за целосна промена во сценариото.
И покрај неодамнешните тврдења дека главниот лик ќе биде жена Индијана Џоан, продуцентот Кетлин Кенеди потврди дека Харисон Форд се враќа и дека новиот филм ќе биде продолжение без никакви измени поврзани со главниот лик.
Kathleen Kennedy confirms that the upcoming Indiana Jones project is a full 'continuation' and not a reboot — 'Harrison Ford will be involved … he can't wait'
(via @BBCNewsEnt | https://t.co/21bf1tVSmz) pic.twitter.com/FaIPY4j51y
— Fandom (@getFANDOM) February 3, 2020
Стивен Спилберг, кој ги режираше првите четири филмови во франшизата ќе биде режисер и на новиот филм, а Дизни веќе го одреди датумот – 9 јули 2021 година.
Доктор Хенри Волтон „Индијана“ Џонс, Помладиот е измислен американски авантурист, таен агент, професор по археологија и главен лик во серијалот играни филмови Индијана Џонс.
Ликот го создадоа Џорџ Лукас и Стивен Спилберг со цел да им се оддаде почит на хероите од акционите филмови од 1930 година. Ликот на Џонс за првпат се појавува во 1081 година во филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“.
Потоа во 1984 година се појавува во филмот „Индијана Џонс и храмот на пропаста“, во филмот „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“ од 1989 година, во филмот „Хрониките на младиот Индијана Џонс од 1992 и 1996 година и во филмот Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп од 2008 година.