Форбс: Безос – најбогат маж, Бетенкур Мејерс – најбогата жена

Од:

Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот маж во светот, чиј имот се зголемил за 19 милијарди долари во последната година и сега изнесува 131 милијарда долари, објави „Форбс“.

Списанието наведува дека она што не е познато е дали безос ќе биде симнат од „тронот“ на најбодатите по разводот од долгогодишната сопруга Макензи. Доколку тие немаат предбрачен договор, тогаш законите предвидуваат поделба на семејниот имот на еднакви делови.

Најбогата жена во светот е Франсоаз Бетанкур Мејер, наследничка на козметичката империја Лореал, со богатство од 49,3 милијарди долари.

Контото на 65-годишната Бетанкур Мејер е значително зголемено во текот на минатата година и тоа за 7,1 милијарда долари, односно 17 проценти. Таа е единствената ќерка на Лилиан Бетанкур, која во текот на 14 години ја имаше титулата „најбогата жена во светот“, пред да почине во 2017 година. Во заедничкјата класификација на најбогатите луѓе во светот, Франсоаз Бетанкур Мејерс е на 15. место.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он