Новите наоди на норвешките научници потврдуваат дека пренаталното внесување на фолна киселина е поврзано со намалениот ризик за појава на аутизам.
Истражувачите од Институтот за јавно здравје во Осло собрале податоци за околу 85.000 деца родени во Норвешка и пресметале како внесот на фолна киселина во бременоста е поврзан со 39 отсто помал ризик од аутизам кај децата.
Децата биле следени до просечна возраст од 6,5 години.
„Journal of the American Medical Association“ додава дека најголемо намалување од ризикот од аутизам е забележано ако мајките почнале да земаат фолна киселина и пред зачнувањето.
Во некои земји фолната киселина веќе редовно се додава во брашното.
Претходните студии веќе покажаа дека земањето фолна киселина во бременоста е поврзано со помал ризик за невроразвојни дефекти кај новороденчињата.