Финале на манифестацијата „Штипска пастрмајлија“

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев доцна попладнево во својот кабинет оствари средба со познатата балканска музичка ѕвезда Желјко Јоксимовиќ, кој вечерва ќе настапи на манифестацијата „Штипска пастрмајлија“.

Јоксимовиќ пред вечерашниот настап во Штип  вели дека по вторпат доаѓа во Штип.

– Не сум во Штип за првпат, бев како аранжер на вашиот фестивал за забавна музика Макфест а за вечерва можам да ветам дека ќе имаме убав концерт, вели Јоксимовиќ.

Градоначалникот, Захариев истакна дека и вечерва во Штип повторно ќе се рушат рекорди во поглед на посетеноста.

– Очекувам околу 100.000 гости вечерва на „Штипската пастрмајлија“, ќе има добра забава, а на просторот од околу 20 хектари кај Градскиот стадион и населбата „8 – ми Ноември“ има место за сите посетители, вели Захариев.

Тој е задоволен што и годинава градот Штип се покажа добар организатор на манифестацијата, која е посветена на брендираниот гурмански бренд штипска пастрмајлија.

Би можело да ве интересира

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он