ФХ3Х во соработка со Industrial Light & Magic учествуваа на новото искуство на виртуелна реалност наречено “Battle Test: A Nissan 360-Degree Virtual Reality Experience” кое дебитираше online неделава.
– Ова не е нашиот прв проект на виртуелна реалност, но е дефинитивно најинтересниот, бидејќи овозможува на неколку минути да се почувствувате како да сте внатре во Star Wars, искуството е фантастично. Овој проект ни е во соработка со нашите долгогодишни соработници Industrial Light & Magic со кои последниот проект ни беше Kong: Skull Island, изјави Кристијан Даниловски косопственик и еден од основачите на ФХ3Х.